Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ уште еднаш покажа дека е главен кошаркар на Далас Маверикс.

Најдобриот кошаркар на овој тим погоди тројка за победа во супер интересниот меч против Бостон Селтикс, кој на крајот заврши со 107:104 за Далас.

Лука, беше најдобар стрелец со 33 коша, девет скока и пет асистенции, со што Далас дојде до шестата победа во западната конференција.

Интересно беше и на мечот Мајами Хит и Јута Џез, а на крај победата од 118:115 замина кај домаќиниот.

Донован Митчел од редовите на „џезерите“ беше најефикасен со 37 коша, а кај победничкиот тим број еден беше Тајлер Хиро со уфрлени 27 коша.

Лос Анџелес Лејкерс,, убедливо беа поразени на гостувањето кај Портланд Трејлблејзерс (105:90). А една од многуте лоши причини за настап беше и отсуството на Леброј Џејмс поради повреда, како и очајниот шут на Расел Вестбрук од игра кој погоди еднаш од 13 обиди.

На другата страна, расположен за играње беше најдобриот играч на домаќините Демијан Лилард кој уфрли 25 поени зад своето име.

НБА

Денвер Нагетс – Хјустон Рокетс 95:94

Далас Маверикс – Бостон Селтикс 107:104

Портланд Трејблејзерс – ЛА Лејкерс 105:90

Мајами Хит – Јута Џез 118:115

Чикаго Булс – Филаделфија 76ерс 104:115

Феникс Санс – Атланта Хокс 121:117