После седум победи и две реми средби на последните девет меча, Јувентус вчера после подолго време ја почувствува горчината на поразот, и тоа на доста болен начин, длабоко во судиското надополнување.
Не само што не ја оправда фаворитската улога против Сасуоло, тимот на Макс Алегри прими гол во 95-та минута и загуби со резултат 1:2 на домашен терен, сценарио кое според прикажаните видеа, најмногу го разбеснило потпретеседателот на клубот.
Павел Недвед во повеќе наврати има демонстрирано дека доста емотивно и енергично ги доживува случувањата на теренот и резултатите на првиот тим, па сега се појави видео на кое се гледа како негодува по разочарувачкиот исход од мечот со Сасуоло.
Чехот нервозно одмавнува со рацете и се обидува да покаже каде грешел тимот, а во моменти на нервоза, му вика и на првиот човек на клубот, Андреа Ањели.
Недвед беше миленик меѓу фановите на Јувентус уште во играчките денови, но со страствените реакции и емоциите кои ги прикажува на одговорната функција, само дополнително ја прикажува љубовта која ја чувствува кон клубот.
Видеото погледнете го ТУКА