Новак Ѓоковиќ во последен момент поради повреда се повлече од настап на турнирот во Индијан Велс.
Како и секоја друга постапка на српскиот тенисер и оваа предизвика различни толкувања. Тони Надал се огласи во врска со откажувањето на првиот светски рекет и му упати „низок удар“.
„Ме изненадува тоа што некој остава впечаток дека ќе се откаже поради повреда, а потоа следниот ден се однесува како ништо да не се случило. Не е до мене да зборувам дали измислува или не, но кај него таа постапка е почеста отколку кај другите спортисти.
Ѓоковиќ стана жртва на своето его. Неговото однесување на теренот во некои ситуации е некомпатибилно со неговата позиција на АТП листата“, вели вујкото на Рафаел Надал.
Ѓоковиќ нема јасна визија што ќе прави до крајот на годината. Нема да биде изненадување ако воопшто не се појави на терените и ги откаже сите турнири.