Голем инцидент се случи синоќа на мечот Вележ Мостар-Борац Бања Лука во БиХ, а мечот беше прекинат кога домашните навивачи влетаа на теренот. Тие беа незадоволни од судењето, па влетаа на теренот, а освен што ги бркаа судиите, ги бркаа и домашниот тренер и фудбалерите.
Главниот судија Сабрија Топаловиќ одлучи да го прекине мечот бидејќи фудбалер е погоден во главата. Сепак, проблемите не престапаа. Имено, во близина на градот Јабланица навивачи на домашниот тим го нападнале судијата, а воедно му бил запален и автомобилот.