Матијас Де Лихт (22) е познат како најдобар млад стопер во светот, но во последно време е далеку од очекуваната форма.

Де Лихт пристигна во Јувентус во 2019 година, но многу се мачи и впечаток е дека се уште не го направил чекорот што се очекува од него.

Протекоа и детали од договорот на Де Лихт со Јувентус, кој важи до летото 2024 година. Клаузулата за откуп изнесува 150 милиони евра.

Можниот трансфер на талентираниот холандски дефанзивец го најави и неговиот менаџер Мино Раиола, велејќи дека постои можност за заминување.

“Мислам дека Де Лихт и Ромањоли се меѓу најдобрите стопери во светот. Де Лихт има договор, додека на Ромањоли истекува следното лето.

„И двајцата би можеле да играат во Јувентус следната сезона, но Де Лихт може да си замине на крајот на сезоната. Така функционира фудбалскиот пазар, многу клубови се заинтересирани за него.“

Леонардо Бонучи и Џорџо Кјелини влегоа во доцните фудбалски години и Старата дама сигурно ќе направи се за да го задржи Де Лихт, а кој го сака ќе мора да плати рекордна сума за еден стопер.