Денеска екипата на Ружомберок се пласираше во 1/16 финалето на словачкиот Куп откако на гостински терен со 0:6 триумфираше над Нове Место.
Еден од стрелците во победата беше македонскиот репрезентативец Тихомир Костадинов кој постигна гол во 30 минута за зголемување на предноста на 0:2.
Мојцис во 11 минута ја започна гол серијата, Бренкус двапати се запиша во листата на стрелците, а по еден погодок имаа уште Римаренко и Кубик.
Во следната фаза Ружомберок ќе се соочи со една од следните три екипи, Повашка Бистрица, Једнота Банова или Жилина.
Моментно во шампионатот на Словачка играчите на тренерот Питер Струхар се на седмата позиција со осум бодови од шест кола, осум помалку од лидерот Слован Братислава.