ПСЖ вечерва му гостува на Клуб Бриж во рамките од првото коло од Лигата на шампионите во новата сезона. Најавите се дека од првата минута би можело да настапи трио фантастико, Меси, Мбаше, Нејмар. Но, она што е исто така проблем за тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, е тоа што има неколку играчи на кои нема да може да смета за овој меч. Пред се Рамос, потоа Верати, Бернарт, Гнабри, Курзава, поради повреди, а Ди Марија и Гује поради суспензија од картони уште од минатата сезона.