Натпреварите од првото коло од групата Х од Лигата на шампионите ги донесоа очекуваните резултати и победи на фаворитите.
Малме беше поразен дома од Јувентус со убедливи 0:3. „Бјанконерите“ ги постигнаа сите три гола во првото полувреме кога го решија прашањето за победникот.
Алекс Сандро прв ја затресе мрежата на домашниот тим во 23. минута, а во последните минути беа постигнати уште два гола, Дибала погоди од белата точка, а Мората го лобуваше голманот на домашниот тим за 0:3 како.
Во вториот натпревар од оваа група, Челзи долго го кршеше отпорот на Зенит. На крајот, „Сините“ го освоија триумфот, благодарение на Ромелу Лукаку.
Лукаку уште еднаш покажа дека игра во животна форма. Се играше во 69. минута кога погоди со глава.
Натпреварот на вечерта се одигра во Шпанија. Вториот натпревар од групата Ф помеѓу Виљареал и Аталанта донесе четири гола и нерешен резултат 2:2.
Фројлер го доведе италијанскиот претставник во водство, а Тригеор и Дањум стрелаа за пресврт. Конечниот резултат го постави Госенс во 83. минута.
Претходно во групата Ф, потполно изненадувачки Јанг Бојс го победи Манчестер Јунајтед со 2:1 по пресврт.