Натпреварот започна без големи промени од страна на новиот селектор на репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски. Но, со големи ковид протоколи и правила. Па на арената „Тодор Проески“ во Скопје место имаше само за 6.000 гледачи.

Во 34. минута од натпеварот Елиф Елмас имаше одлична шанса, но резултатот остана непроменет. На стадионот во Скопје се игра отворено, а репрезентациите на Македонија и Романија се надигруваа.

Во 43. минута од натреваророт Дарко Чурлинов имаше одличен дриблинг во шеснаесетикот, но голманот Нита излезе и го затвори голот.

Пред паузата, Енис Барди ја имаше и последната шанса, но топката заврши над голот.