Репрезентацијата на Македонија У21, денеска против Франција ги започна квалификациите за ЕУРО 2023.
Французите на овој натпревар беа фаворити, а тоа го оправдаа со победата од 3:0.
Младата репрезентација на Македонија не успеа посериозно да се закани кон голот на Франција. Французите одлично го започнаа натпреварот, а до водство стигнаа по сомнителниот гол на Мбуку во 26. минута.
На самиот почеток на второто пулувреме Французите имаа шанса за зголемување на водството, но французите се успеаа да ја зголемат предноста.
Македонците се обидуваа да стигнат го посакуваниот гол за израмнување, но мрежата на Меслиер остана недопрена, а Французите постигнаа гол.
Новото засилување на Реал Мадрид, Камавинга во 50. минута со прекрасен гол успеа да го зголеми водството на Франција против Македонија, на 2:0.
Французите продолжија со притисок кон голот на Македонија, па речиси топката не премина на половината на Франција, а во 68. минута Французите повторно се заканија, но топката мина покрај голот.
Во 71. минута одлична шанса за Франција но ударот беше изблокиран, а по само 6 минути игра французите креираа одлична акција но не го зголемија водството.
Во самиот финиш, Франција креираше контра напад од корна а Калулу со лоб ги постави конечните 3:0.
Следниот натпревар малдата репрезентација го игра против Србија во Охрид на 07.09 во 16:00 часот.