Металург ќе биде дел од меѓународниот турнир “Андреас Папастаматис“, кој од 3. до 5. септември ќе се одржи во Атина во организација на екипата на АЕК.
Покрај Металург и домаќинот АЕК, дел од турнирот ќе бидат и екипите на Сабианко Анортосис Фамагуста од Кипар и на Диомидис Аргос од Грција.
Натпреварите ќе се играат во салата “Ѓоргос Касиматис“, со капацитет од само 600 места, а на средбите ќе можат да присуствуваат најмногу 360 гледачи, со потврда за целосна вакцинација.
Распоред на турнирот:
3 септември:
17.00 часот: АЕК – Диомидис Аргос
19.00 часот: Сабианко Анортосис Фамагуста – Металург
4 септември:
17.00 часот: Диомидис Аргос – Металург
19 часот: АЕК – Сабианко Анортосис Фамагуста
5 септември:
16 часот: Диомидис Аргос – Сабианко Анортосис Фамагуста
18 часот: АЕК – Металург