Бидејќи во Премиерлигата доаѓа една од најголемите светски фудбалски ѕвезди, Премиерлигата прифатила промена, откако Кавани господски решил да му го препушти бројот кој е заштитен знак на Португалецот, за Роналдо повторно на грбот да ја има седумката.
Неговата „седумка“ беше зафатена поради фактот дека Единсон Кавани ја носеше изминатата и оваа сезона. Овој број беше заштитен знак на Роналдо за време на неговиот престој на „Олд Трафорд“, па Единсон Кавани реши да направи џентлменски потег и да му ја врати.