Македонската фудбалска репрезентација во вторник во Скопје против Ерменија ги продолжува квалификациите за пласман на Светското првенство во 2022 година во Катар.
Како што објави денеска Фудбалската федерација на Македонија, билетите за дуелот против водечката репрезентација во квалификациската група Ј ќе бидат пуштени во продажба од понеделник.
Билетите по цена од 300 денари ќе можат да се купат преку продажната мрежа на MkTickets:
Македонските фудбалери ќе можат да имаат поддршка од најмногу 10.000 гледачи согласно ковид протоколот за исполнетост од максимум 30 отсто на Националната арена „Тодор Проески“ со капацитет од 30.000 седишта.
По воведните три кола во мундијалските квалификации, „црвено – жолтите“ се второпласирани во групата Ј со три бодови помалку од лидерот Ерменија. Германија, со идентични шест бодови како и македонската репрезентација е третопласирана пред Исланд и Романија со по три бодови и Лихтенштајн на последното место без бод.