Торинскиот Јувентус е многу блиску до договор со бразилскиот Сантос за трансфер на 19-годишниот напаѓач Каи Хорхе.

„Бјанконерите“ понудија три милиони евра за услугите на младиот фудбалер на бразилскиот тим, а се чини дека работата би можела да заврши многу брзо.

Претседателот на Сантос, Андрес Руеда призна дека преговорите се во тек, но дека клубот се уште не донел конечна одлука.

“Преговараме со Јувентус. Го сакаат, но ние се уште не сме одлучиле дали ќе го продадеме сега или ќе остане во клубот до јануари кога ќе замине бесплатно. Буквално сме принудени да го загубиме”, изјави Руеда.

Кајо Хорхе важи за голем талент на бразилскиот фудбал. Тој е член на првиот тим на Сантос од 2018 година, и одигра 84 натпревари за овој тим и постигна 17 голови.

Покрај младиот бразилски фудбалер, Јувентус преговара и со Сасуоло за ангажирање на одличниот играч за врска Мануел Локатели.

Преговорите во овој случај, сепак, не одат добро. Сасуоло двапати ги одби понудите на Старата дама, за која Локатели е главна цел ова лето.

Исто така, претставникот на Босна и Херцеговина, Миралем Пјаниќ, е поврзан со торинскиот гигант, но и во овој случај, засега нема договор.

Јувентус влегува во новата сезона со големи амбиции. Алегри се врати на клупата и целта е да се врати титулата во Торино.