Англиските медиуми објавија бомбастична вест дека напаѓачот на Тотенхем и англиската селекција, Хари Кејн веќе има договор со Манчестер Сити. Наводно, тој се договорил за петгодишна соработка, а на „Етихад“ ќе заработува по 16 милиони фунти по сезона.

Тотенхем ја одби првичната понуда на Сити од 100 милиони фунти, плус некој играч, но преговорите продолжуваат бидејќи Кејн инсистира на преселба кај Гвардиола. Тотенхем бара 150 милиони фунти, а ова може да биде најскапиот трансфер во историјата на Премиер лигата.