Откако Турција два пати не успеа да организира финале поради коронавирусот, изгледа 2023та година ќе биде година во која ќе гледаме финале во Истанбул, но не само на Лига на шампиони туку и на Суперкупот.
Турскиот град на Босфорот ќе го организира Суперкупот помеѓу „сините“ и шпански Вилјареал, а во 2023 година ќе го добие финалето во ЛШ.
„Ние ги имавме сите подготовки за организација на годинешното финале во ЛШ, ентузијастички влеговме во подготовката за да има и навивачи, ама едноставно пандемијата не спречи и немаше услови за такво нешто. Немавме среќа годинава, но затоа донесовме две врвни финалиња на нашата земја, прво Суперкупот годинава, а потоа финалето во ЛШ во 2023 година“, рече Касапоглу.
Идното финале во ЛШ е во Санкт Петербург во мај догодина. Истанбул и лани го загуби финалето во ЛШ поради актуелната пандемија, па се играше во Лисабон.