Атрактивната италијанска новинарка Дилета Леота, ја гледавме и во вонредното 36. коло од Серија А.
Дилета повторно беше на мечот од Јувентус, и овој пат против Сасуоло и беше среќна за Старата дама, бидејќи торинскиот клуб славеше со 1:3 и постигна вредни поени во борбата за пласман во Лигата на шампионите.
Италијанката претходно изјави дека Торино е најубавиот град за неа, а редовна е и на градското дерби помеѓу Торино и Јувентус.
Медиумските шпекулации започнаа дека Дилета е голем обожавател на Јувентус, а оваа акрактивна новинарка го имаше одговорот.
“Јас професионално ја работам мојата работа и се трудам да бидам од ден на ден подобра на тоа поле. Не ми пречат разни приказни. Објективноста е присутна и во овој бизнис”, изјави Дилета, која пред тоа беше на мечот Фиорентина – Лацио, а каде ќе ја однесе патот во 37-от круг, ќе дознаеме за време на викендот.
Патем, Дилета започна радио емисија за Серија А, која достигна забележителна публика за еден месец.