Во изминатите години Талески е мета на критики кај фановите кои веројатно имаа поголеми очекувања од него. Ракометарот е свесен за тоа каков глас го бие меѓу народот
„Јас сум најомразен ракометар во Македонија. На моите интервјуа и останати статии можам да прочитам многу навреди. Никој не може да им забрани на луѓето да го кажат своето мислење, но не треба да има омразени коментари“, вели ракометарот на Вардар.
Талески останува во Вардар, се договори со македонскиот шампион за договор на една плус една година.