Фудбалерите на Челзи синоќа го победија Реал Мадрид со 2:0 на домашен терен во полуфиналниот натпревар од Лигата на шампионите.
Сините успеаја да се пласираат во финалето на ова натпреварување затоа што беа подобри на два натпревари против Реал Мадрид со вкупни 3:1.
Интересно беше и по натпреварот на Стемфорд Бриџ, а Мејсон Маунт и Тони Крос беа во центарот на вниманието. Маунт реши да одговори на Крос на изјавата што ја даде неколку дена пред натпреварот.
“Фудбалер на Челзи против кого е најтешко? Ниту еден играч не го “украл мојот сон” пред натпревар во овие 15 години. Тие играат одлично како тим, но јас не можам да ти дадам име за тоа прашање”, – рече Крос.
После натпреварот, Маунт едвај чекаше да одговори на германскиот играч за врска откако беа исфрлени од Лигата на шампионите.
“Видов еден од нивните играчи како рече дека никој не му го “украл сонот” во кариерата. Можеби нема да спие сега поради целиот наш тим”, рече играчот на Челзи.
Сепак, Крос реши да објави на Твитер вечерва за да одговори на коментарот даден од играч на Челзи по синоќешниот натпревар.
“Сè уште спијам добро. Сепак, честитки за синоќешниот натпревар. Ви посакувам среќа во првото финале од Лигата на шампионите”, изјави Крос за „Маунт”.
Still sleeping ok. But well done yesterday. congrats. Good luck in your first CL final. https://t.co/XTbtIkCXys
— Toni Kroos (@ToniKroos) May 6, 2021
Германскиот играч за врска ја воодушеви фудбалската јавност на овој начин и се однесуваше како голем професионалец иако прв започна со „прозивки“.