Хави Гарсија не е повеќе тренер на Валенсија. Отказот доаѓа по синоќешниот пораз на домашен терен од Барселона. Валенсија загуби со 2:3, иако водеше со 1:0.
До крајот на првенството останаа четири кола, а никој не очекуваше дека екипата ќе се најде во позиција да стравува за опстанокот. До крајот на сезоната со првиот тим ќе работи Воро Гонзалез. Ова е една од најлошите сезони за Валенсија.