Трагедија во Русија. Млад фудбалер, кој имал само 18 години, Никита Сидоров починал на теренот по само пет минути игра. Директорот на клубот „Замнаја Труда“ изјави дека лекарите на брзата помош се бореле половина час да му го спасат животот, но за жал не успеале.
Осумнаесетгодишниот Никита Сидоров почина на стадионот Торпедо во Орехово-Зуево, предградие на Москва, откако помина само пет минути на теренот.
Според прелиминарните информации, причина за смртта може да биде оштетување на мозокот, т.н. церебрална аневризма.