Ансу Фати скоро сигурно нема да и биде достапен на Барселона во осминафиналето од Лигата на шампионите.

Оваа вест денеска ексклузивно ја објави новинарот Хави Мигел, дописник на весникот „АС“ од Каталонија и една од најсигурните кога станува збор за настаните во и околу „Камп Ноу“.

Откри дека заздравувањето на Фати се одвива многу побавно отколку што се очекуваше и дека тој сè уште не може да започне да работи на терен бидејќи коленото му беше отечено при секој поголем напор.

Самиот Фати е разочаран од развојот на ситуацијата, и како да не биде кога се очекуваше да се врати во март, но според новите прогнози, ќе мора да ја продолжи рехабилитацијата за уште неколку недели.

Младиот 18-годишен напаѓач се повреди на натпреварот против Бетис на 7 ноември, кога му се предвидуваше пауза од четири месеци.

loading…