Русија очекува дека Москва и Вашингтон ќе успеат да воспостават дијалог и ако новата американска администрација е подготвена на ова, рускиот претседател Владимир Путин сигурно ќе направи реципрочен чекор, изјави во неделата портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува ТАСС.
„Ако сегашната американска администрација е подготвена за овој пристап, не се сомневам дека нашиот претседател ќе возврати“, изјави тој.
– Advertisement –
Во коментар на забелешката на новинарот дека руско-американските односи се влошуваат и во одреден момент некој треба да направи отстапка, портпаролот на Кремљ истакна дека „флексибилноста е неопходен елемент на меѓудржавните односи“.
„Подготвени сме да покажеме флексибилност, но не сме подготвени за диктат, не сме подготвени за грубо однесување и не сме подготвени за преминување на „црвените линии“. Што се однесува до останатото, покажана е одредена флексибилност, но, тоа не може да се прикажува бесконечно“, рекол Песков.