Фудбалскиот клуб Реал Мадрид изминатите три сезони мака мачи со повредите на фудбалерите, тие најмногу се изразени во дефанзивниот дел на тимот. Сезонава Карло АНчелоти не може да смета на Дани Карвахал и Едер Милитао ја завршија сезоната, Давид Алаба никако да се врати во тимот, повторно се повреди откако претходно отсуствуваше 13 месеци, а минатиот викенд се повреди и најстандарниот, Антонио Ридигер.
Поради големиот број повреди Карло Анчелоти мора да експериментира од натпревар во натпревар. Откако на мечот против Еспањол се повреди Германецот Антонио Рудигер, Реал остана на располагање само со Раул Асенсио.
Анчелоти поради тоа беше принуден да го користи Аурелиен Чуамени како централен бек, иако по природа е играч од средниот ред.
Флорентино Перез донел одлука да го засили тимот во летниот преоден рок токму на оваа позиција. Според шпанските медиуми, прв на листата на желби е Вилијам Салиба.
Станува збор за 23-годишен Французин кој веќе неколку години е столб на одбраната на Арсенал. „Топчиите“ му платија 30 милиони евра на Сент Етјен, каде прво го оставија на позајмица, а потоа го испратија на позајмици во Ница и Марсеј.
Конечно, од 2022 година, Салиба се наметна на „Емирати“ и прерасна во еден од најдобрите дефанзивци во светот, кој минатата година беше номиниран за „Златната топка“.
Според „Трансфермаркт“, тој вреди 80 милиони евра и сигурно е дека Реал за неговите услуги на лето би требало да плати најмалку 100 милиони евра.
Салиба на тој начин би станал најскапиот дефанзивец во историјата на фудбалот и би го соборил рекордот на хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол. Да потсетиме, Гвардиол испиша историја пред 18 месеци кога од Лајпциг се пресели во Манчестер Сити за 90 милиони евра.
Текстот Реал му „фрли око“ на Вилијам Салиба е превземен од МАКФАКС.