Групата Ц на Светското првенство во Египет носи два изразити фаворити и два ривали кои важат за аутсајдери на шампионатот.

ХРВАТСКА

Лино Червар и неговите ракометари се пред нова мисија да освојат уште еден медал на големите натпреварувања. Тие знаат како е да се биде на врвот на светскиот собир, со оглед на златото во 2003 година на турнирот во Португалија. Од тогаш, до денес, „коцкестите“ се израдувале уште на две сребра и еден бронзен медал. Мал хендикеп за Хрватите ќе биде повредата на Игор Карачиќ, кои е неизвесен за настап на натпреварите на Мундијалот. И покрај тоа тој и голманот Марин Шего се дел од експедицијата која не би требало да има проблеми да се пласира во следната

КАТАР

Главен конкурент на хрватската репрезентација треба да биде катарскиот национален тим. Второто место на шампионатот пред пет години на домашен терен е показател дека тимот предводен од Валери Ривера може да изненади некои од фаворитите. Катарската репрезентација во изминатиот период стана азиска ракометна сила. Главна цел на овогодишното СП за Катарците ќе биде пласман меѓу најдобрите десет. Тоа ќе се смета за успех, најавуваат од федерацијата. Уште во првото коло Катар ќе бара реванш за болниот пораз од Ангола на првенството пред две години.

АНГОЛА

Анголските ракометари ја продолжија одличната низа која ги носи на четврт светски собир во низа. Меѓутоа на ниту еден од нив конечниот пласман не е за пофалба. Ниту еднаш Ангола не се спуштила под 20. место, што е императив за овогодишниот настап во Египет. Пред две години тимот запиша само една победа во групната фаза, а и на стартот на овој Мундијал ќе се сретне со Катар, кој единствен потклекна пред нивната игра во 2019 година.

ЈАПОНИЈА

Вториот аутсајдер во групата и ривалот на Ангола за третата позиција, која носи пласман во следната рунда, ќе биде јапонската репрезентација. Дагур Сигурдсон неколку години се обидува да го подигне нивото на квалитет во репрезентацијата. Меѓутоа развојот на репрезентативниот ракомет на Јапонија не оди така брзо и посакувано. Тимот би бил среќен со што подолг престој на турнирот во Египет.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИ ВО ГРУПА Ц:

15 јануари:

15:30 часот Катар – Ангола
18:00 часот Хрватска – Јапонија
17 јануари:

15:30 часот Катар – Јапонија
18:00 часот Ангола – Хрватска
19 јануари:

15:30 Јапонија – Ангола
18:00 часот Хрватска – Катар

изовор: gol.mk