Леброн Џејмс постигна 42 поени, забележа 17 скока и осум асистенции за Лос Анџелес Лејкерс во победата над Голден Стејт Вориорс со 120:112. Од денес тој е најмладиот и најстариот играч во историјата на НБА кој постигнал 40 или повеќе поени на еден натпревар.

Џејмс првпат ја мина таа граница на возраст од 19 години и 88 дена на мечот помеѓу Кливленд Кавалирс и тогашните Њу Џерси Нетс. Заврши со 41 поен, шест скока и 13 асистенции.

Во петокот тој стана и најстариот играч со 40+ поени на еден натпревар.

Единствениот кој постигнал повеќе од 40 поени по својот 40-ти роденден беше Мајкл Џордан, кој постигна 43 за Вашингтон Визардс против Нетс во 2003 година.

Текстот (Видео) Леброн најмлад и најстар играч со 40+ поени на еден натпревар е превземен од МАКФАКС.