Пратеникот на Самоопределување во Северна Македонија, Беким Ќоку, во емисијата ОнТајм на ТВ-Коха изјави дека Самоопределување ќе формира политички субјект и во Северна Македонија тогаш кога ќе смета дека е структурирана низ целата држава.

Ќоку рече дека како Самоопределување не добиле ниту една позиција во извршната власт и дека ниту планираат да се кандидираат во некоја општина на локалните избори што се очекува да се одржат кон крајот на 2025 година, пренесува Zoom.mk.

На прашањето дали Албанците ќе можат да ја условат ВМРО-ДПМНЕ за уставните измени, тој изјави дека за тоа е потребно широко единство на сите партии и дека тоа треба да се направи доколку македонската страна не одговори на нивните барања.

Ќоку исто така изјави дека е тешко да се соживува со народ што не сака да се интегрира во Европската Унија, толку тешко што, според неговите зборови, го опиша со „Бог не казнил да живееме со нив“./Zoom.mk