Сите натпревари од последното коло од Лигата на шампионите ќе се одиграат вечерва, кога и дефинитивно ќе биде познато кои екипи ќе мора да играат плејоф за пласман во нокаут фазата, а кои осум екипи ќе изборат место во осминафиналето.
Вечерва на програмата ќе бидат 18 натпревари, а само два ќе бидат за престиж: Јанг Бојс – Црвена Звезда Белград и Штурм – Лајпциг.
Дерби натпреварот ќе се одигра во Штутгарт. „Швабите“ ќе го пречекаат ПСЖ, кој во минатата рунда оствари голема победа над Манчестер сити.
Победникот обезбедува учество во плејофот. Двете екипи имаат барем теоретски шанси да стигнат и до 16. место и да бидат фаворизирани во ждрепката, но, во тој случај, треба да им се поклопат и резултатите од некои други натпревари.
Нерешениот резултат е повеќе во корист на гостите, бидејќи тие имаат подобра гол-разлика и би завршиле пред Штутгарт, со што автоматски ќе се пласираат во следната рунда. „Швабите“ би успеале да останат во конкуренција и со реми доколку се оствари друго сценарио: пораз на Бенфика во Торино од Јувентус, пораз на Спортинг од Болоња и Манчестер сити да не слави против Клуб Бриж. И двата тима би можеле да останат во топ 24 и да загубат, но тогаш би било потребно Сити да не го победи Клуб Бриж, а Динамо да не го победи Милан.
Последното коло ја крои и судбината на Манчестер сити. На табелата „граѓаните“ се под цртата на 25.место и се соочени со елиминација од ЛШ.. На „Етихад“ вечерва ќе гостува Клуб Бриж.
Белгискиот тим е едно од најпријатните изненадувања на натпреварувањето. Тој и покрај прогнозите веќе обезбеди место во топ 24, а би можел да биде и меѓу носителите за првата елиминациска фаза. За тоа му треба победа на „Етихад“, но и да не победат Јувентус, Селтик и ПСВ.
Сепак, се очекува реакција од Манчестер сити. Сити со победа ќе ги прескокне Штутгарт или ПСЖ кои играат меѓу себе, што значи дека зависат исклучиво од себе. И јасно е дека, доколку ја постигнат целта, сигурно не можат да бидат барем 16-ти и да бидат фаворизирани во ждрепката за првата елиминациска фаза.
ЛШ, 8.коло – Сите натпревари ќе започнат во 21 часот:
Астон Вила – Селтик
Барселона – Аталанта
Баер Леверкузен – Спарта Прага
Баерн – Слован Братислава
Борусија Дортмунд – Шахтјор
Брест – Реал Мадрид
Динамо Загреб – Милан
Џирона – Арсенал
Интер – Монако
Јувентус – Бенфика
Лил – Феенорд
Манчестер сити – Клуб Бриж
ПСВ – Ливерпул
Салцбург – Атлетико Мадрид
Спортинг – Болоња
Штурм – Лајпциг
Штутгарт – ПСЖ
Јанг Бојс – Црвена звезда
Табела:
Текстот Конечен расплет во ЛШ, секој игра за нешто е превземен од МАКФАКС.