Српскиот фудбалер Душан Влаховиќ нема да потпише нов договор со Јувентус, пренесува „Газета дело Спорт“.

Влаховиќ во вторник го слави својот 25 роденден, додека италијанските медиуми пишуваат дека тој нема да ја продолжи соработката со „Старата Дама“.

Пред точно три години пристигна од Фиорентина за 70 милиони евра плус бонуси, а доколку нема изненадувања во последните денови од рокот, до понеделник Влаховиќ и Јуве ќе треба да се потрудат да коегзистираат уште половина година.

Договорот на Влаховиќ истекува во 2026 година, па доколку не си замине сега, најреално е тоа да го направи на лето.

И поради големата плата (во моментов инкасира 10,5 милиони годишно), и поради фактот што Јуве ќе се обиде да заработи нешто од трансферот.

Ситуацијата многу потсетува на онаа со Федерико Киеза минатото лето, кој на крајот замина во Ливерпул.

Оваа сезона беше доста турбулентна за српскиот напаѓач, кој постигна 12 гола на 26 натпревари во сите натпреварувања.

Претходните дербија против Милан и Наполи ги почна од клупата и влезе во финишот, а според се Тијаго Мота планира повеќе шанса да му даде на новајлијата од Пари Сен Жермен, Рандал Коло Муани.

Текстот Влаховиќ си заминува од Јувентус е превземен од МАКФАКС.