Арсенал е заинтересиран за потписот на играчот на Атлетик Билбао, Нико Вилијамс.

„Топџиите“ не се откажуваат од шампионската трка со Ливерпул. За да го одржат чекорот со лидерот итно им е потребно засилување, во ситуација кога Букајо Сака е повреден.

Вилијамс има договор со тимот од Билбао до 2027 година, но од друга страна може да ги напушти Баскијците доколку некој ја плати откупната клаузула од 58 милиони евра.

И Барселона минатото лето се обиде да донесе Нико, кој го сврте вниманието кон себе по одличните настапи на Европското првенство, каде Шпанија успеа да го подигне трофејот.

Што се однесува до табелата во Премиер лигата, Арсенал е на второто место, со натпревар повеќе има шест поени помалку од Ливерпул.

Текстот Арсенал ќе ја активира откупната клаузула во договорот на Нико Вилијамс е превземен од МАКФАКС.