Фото/ https://www.facebook.com/rfmofficial
Македонската ракометна репрезентација со очекуван пораз го заврши забележителниот настап на 20.Светско првенство. Во последниот меч во Групата 2, Македонија загуби од Франција со 25:32 (14:18).
Македонија покажа „заби“, но немаше шанси против фаворитот. Егал држеа избраниците на Кире Лазаров во првата половина од првото полувреме, следуваше серија на Франција 7:1, а на полувреме „триколорите“ водеа со 14:18. Разликата ќе беше помала доколку Кузмановски и Серафимов прецизно ги реализираа пеналите. Во првиот дел голманот Дебоне одбрани три пенали.
Темпото на натпреварот падна во вториот дел, францускиот селектор Гијом Жил им даде шанса на играчите кои имаа помала минутажа во досегашниот тек од првенството. Во таквиот однос на силите Франција најчесто имае предност од четири до шест гола.
Кузмановски ја предводеше Македонија со осум гола, шампионатото го заврши со 48 постигнато голови. Уште еден одличен настап имаше и голманот Митревски, забележа 10 одбрани. Мундијалот ќе го паменти голманот Галевски. 20-годишникот бранеше во последните 10 минути, забележа две одбрани.
Македонија заврши на четвртото место во Групата 2, во конечниот пласман ќе биде на 15 позиција.
Текстот Франција е моќна репрезентација – Македонија загуби од „триколорите“ е превземен од МАКФАКС.