Шпанскиот шампион и освојувач на Лигата на шампионите, Реал Мадрид стана првиот европски клуб кој заработил повеќе од милијарда евра во сезоната 2023/24. Податокот го објави „ Football Money League“, повикувајќи се на 28. годишен извештај на ревизорската консултантска куќа Делоит.

Со промет од 1,045 милијарди евра (претходната сезона заработи 831 милион евра), Реал имаше најголема заработка меѓу 20. најдобри европски клубови.

Според ревизорската и консултантска фирма Делоит, 20. најголеми клубови оствариле вкупни приходи од 9,2 милијарди евра во сезоната 2021/22. Делоит наведува и дека вкупниот приход на 20. најголеми клубови во сезоната 2023/24 е во однос на претходната сезона (10,5 милијарди евра) е зголемен за шест отсто, на 11,2 милијарди евра.

Зад Реал Мадрид се Манчестер Сити (838 милиони евра), ПСЖ (806), Манчестер Јунајтед (771) и Баерн Минхен (765).

Текстот Реал е првиот клуб што заработил повеќе од милијарда евра во една сезона е превземен од МАКФАКС.