Кризата на „Олд Трафорд“ не стивнува. Манчестер јунајтед трет пат во низа е поразен од Брајтон на домашен терен, на последните шест натпревари Јунајтед има четири порази, три од нив се на домашен терен.
Манчестер јунајтед по 22.коло се наоѓа на 13. место со 26 поени. Претходниот пат „ѓаволите“ беа послабо рангирани по 22 кола во сезоната 1989/90, кога беа на 15. место со 24 бода.
„Навистина ми е жал што навивачите страдаат. Можеби сме најлошиот тим во клупската историја“, изјави тренерот Рубен Аморим, кој на клупата на Манчестер јунајтед претрпе седум порази на 15 натпревари.
Навивачите на Манчестер јунајтед можеби се загрижени поради тоа што Португалецот најави уште потешки денови.
„Нема да го менувам начинот на игра. Јасно ми е дека играчите ќе страдаат и жал ми е што ќе страдаат и навивачите, но нема да се откажам од идејата со која дојдов овде. Имам начин да постигнам резултати, но мора да го преживееме овој момент – изјави Рубен Аморим.
Сепак, навивачите на „црвените ѓаволите“ можат да заборават на прогнозата на Аморим дека Јунајтед би можел да испадне од Премиер лигата. Можеби ќе паднат уште неколку места до крајот на сезоната, но позициите за промоција во Чемпионшип се чини веќе се резервирани.
Текстот Аморим е во право, ова навистина е најлошиот тим на Јунајтед во историјата е превземен од МАКФАКС.