Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, по победата над Јиржи Лехечка (3:0) во четвртото коло на Австралија опен, не даде интервју на теренот. Го зеде микрофонот од Џим Куриер и кратко им се заблагодари на навивачите. На прес-конференцијата откри зошто постапил така.
Иако првично се мислеше дека причината е непријателската публика, набрзо беше утврдено дека Ѓоковиќ бил лут на каналот „Nine“, кој ги пренесува натпреварите од првиот Грен слем сезонава.
Поконкретно, новинарот на каналот, Тони Џонс, кој за време на неговото вклучување од претходниот меч на Ѓиковиќ, против Чехот Махач, се сврте кон обожавателите на Новак и почна да се шегува, на непримерен нчин.
„Новак е преценет, тој е минато.. Исфрлете го“, рече Џонс и додаде: „Мило ми е што не можат да ме слушнат“.
Затоа реагираше Ѓоковиќ.
„Би сакал да кажам зошто не дадов интервју. Пред неколку дена, познат спортски новинар кој работи за официјалната телевизија на Австралија опен „nine“ ги исмеваше српските навивачи и ме навредуваше. Тој одлучи да не се извини јавно, ниту тоа го направи каналот „Nine“. Поради тоа решив да не дадам изјава на теренот. Немам ништо против Џим Куриер. Едноставно не беше вистинскиот момент за да кажам на теренот зошто го напарвива тоа. Му оставам на каналот „Nine“ да го направи она што мисли дека е правилно“, рече Ѓоковиќ.
Тој потврди дека публиката нема никаква врска со тоа.
„Па, не, ништо посебно. На секој меч се случува нешто различно. Веќе објаснив зошто не дадов интервју, тоа не е поради публиката туку поради каналот „Nine““, додаде Новак, кој потврди дека нема да дава изјави за овој ТВ канал додека тој и неговите навивачи не добијат извинување.
Ѓоковиќ откри дека за проблемот разговарал и со Крег Тајли, директорот на турнирот.
Текстот Ѓоковиќ објасни зошто не дал интервју н теренот по победата над Лехечка е превземен од МАКФАКС.