Шпанскиот тенисер Алехандро Давидович Фокина се пласираше во осминафиналето на Австралија опен во Мелбурн, откако во пет сета го совлада 48. рангираниот Чех, Јакуб Меншик со 3:6, 4:6, 7:6, 6:4, 6:2. Мечот траеше три часа и 30 минути.
Меншик одлично го започна натпреварот, во првите два сета направи по еден брејк и поведе со 2:0.
Тенисерите направија по два брејка во третиот сет, а тај-брејкот донесе вистинска драма. Давидович Фокина спаси две меч топки и го доби тој дел од играта со 9:7.
Шпанецот пол со елан, во четвртиот сет му го одзеде сервисот на меншик во седмиот гем, до крајот ја задржа брејк предноста и го освои петтиот сет.
Давидович Фокина поведе со 4:0 во решавачкиот сет, го задржа водството и се пласираше во осминафиналето.
Шпанецот и во претходната рунда победи во пет сета. На теренот против Феликс Оже-Алијасим мина четири часа о 51 минута.
Противник ќе му биде 12-от носител Американецот Томи Пол, кој го победи Шпанецот Роберто Карбалес Баена со 7:6, 6:2, 6:0.
Текстот Нестварен пресврт на Давидовиќ Фокина, Шпанецот спаси две меч топки и го победи Меншик е превземен од МАКФАКС.