Габриел Жесус ја заврши сезоната, откако се повреди минатиот четврток против Манчестер јунајтед во ФА купот.

Повредата на Бразилецот значи дека клубот ќе мора да се активира на трансфер пазарот. Англиските медиуми пишуваат дека до крајот на преодниот рок нов напаѓач ќе пристигне на „Емирати“.

Клубот има список со потенцијални засилувања. Исто така се свесни дека е тешко да се постигне трансфер од повисок профил додека сезоната е во полн ек.

Сепак, Арсенал најде напаѓач кој би бил многу среќен да се пресели во Лондон. Станува збор за Ели Вахи од Олимпик Марсеј Се работи за 22-годишен француски напаѓач кој летово пристигна во Марсеј од Ленс, но не се истакна во тимот на Роберто Де Зерби во првиот дел од сезоната. Наводно Олимпик е подготвен да го позајми напаѓачот, со опција Арсенал да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната.

Вахи има договор со Марсеј до 2029 година, а се претпоставува дека клубот би го пуштил за 25 милиони евра, колку колку што платија за пред неколку месеци.

Инаку, тој сезонава одигра 14 натпревари за Марсеј во Лига 1, на кои постигна три гола и додаде една асистенција.

Текстот Арсенал ќе се засили со напаѓач на Олимпик Марсеј е превземен од МАКФАКС.