Квича Кварацкелија е чекор поблиску до трансфер во ПСЖ тврдат медиумите на Апенинскиот полуостров. Крилниот напаѓач има желба да се пресели во француската престолнина, а Наполи ја означи неговата замена. Според медиумите претседателот на клубот ја намалил цената која треба да ја плати клубот од Париз.

ПСЖ од летото се обидува да го ангажира најдобриот грузиски фудбалер. Тренерот Луис Енрике го означи како идеална замена за Килијан Мбапе кој како слободен играч се пресели во Реал Мадрид.

Јасен сигнал дека Кварацхелија сака да го напушти Наполи е тоа што преговорите околу новиот договор се уште се на почеток.

Првиот човек на Наполи Аурелио Де Лаурентис се помирил со тоа дека фудбалерот сака да замине. Медиумите тврдат дека репил да ја намали цената од 100 на 80 милиони евра. ПСЖ му нуди на Кварацхелија четири пати поголема плата од онаа што ја добива во Наполи. Доколку се пресели во Париз годишно ќе заработува осум милиони евра.

Наполи се подогтвува за заминувањето на Кварацхелија, во клубот на позајмица од Ливерпул треба да пристигне Федерико Киеза.

Текстот Ако Квича се пресели во ПСЖ, Наполи ќе го донесе Киеза е превземен од МАКФАКС.