Фудбалерите на Милан со спектакуларен пресврт го освоија Суперкупот на Италија. Во „Дерби дела Мадонина“ во Ријад, Милан од 0:2 против интер дојде до 3.2. Милан го освои првиот Суперкуп по 2011 година и воедно ја прекина доминацијата на Интер, кој во последните три сезони го освојуваше трофејот.
Сержо Консеисао не можеше да посака подобро деби на клупата на Милан. Тимот на Милан во само седум дена под водство на Португалецот доживеа невидена трансформација.
Во полуфиналето, со пресврт славеа над Јувентус (2:1), а во финалето, предводени од Рафа Леао на теренот, го победија градскиот ривал со 3:2.
Интер водеше со 2:0 со головите на Лаутаро Мартинез во 45. и Мехди Тареми во 47.минута. Пресвртот го најави Тео Хернандез од слободен удар во 52.минута, изедначи Кристијан Пулишиќ во 80., а победата ја обезбеди Тами Ејбрахам во 93.минута.
⚽️ GOAL: What a game. AC Milan comeback with Tamy Abraham
Inter 2-3 Milanpic.twitter.com/P5cpTrR1z7 — Goals Xtra (@GoalsXtra) January 6, 2025
Текстот (Видео) Милан од 0:2 до трофејот во Суперкупот на Италија е превземен од МАКФАКС.