Српскиот репрезентативец Лука Јовиќ за неколку дена ќе го напушту „Сан Сиро“. Тренерот на Милан, Паоло Фонсека, уште на самиот почеток на сезоната му стави до знаење дека неговите услуги не му се потребни.
Според пишувањата на медиумите во Италија, поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, Ајнтрахт и Црвена звезда ќе и се приклучи на Болоња. Клубот пд „Ренато Делара“ сезонава игра во Лигата на шампионите, до крајот на првата фаза Болоња ќе одигра уште два натпревари. Болоња освои само два бода во ЛШ, во шест натпревари и речиси и да нема шанси да се пласира во нокаут фазата.
Во Серија А, по 16 одиграни натпревари, Болоња е седма со 28 поени, шест помалку од четвртото место на кое со натпревар повеќе се наоѓа Лацио.
Текстот Лука Јовиќ се сели во Болоња е превземен од МАКФАКС.