Фудбалскиот клуб Селта чекаше до Божиќ за да потврди дека легендарниот Јаго Аспас ќе го продолжи договорот.

Легендарниот капитен на Селта имаше договор до крајот на актуелната сезона, но двете страни се договорија да ја продолжат соработката до летото 2026 година.

Јаго Аспас има 37 години, а во својата Селта се врати во 2015 година по неуспешната епозида во Ливерпул.

Тој е дете на Селта, ги мина сите младински катагории во клубот, а во 2013 година се пресели во Ливерпул. Неговиот трансфер на „Енфилд“ ги реши финансиските проблеми со кои во тој момент се соочуваше Селта.

За својот сакан клуб одигра вкупно 509 натпревари, постигна 210 голови и забележа 82 асистенции.

На „Балаидос“ ќе остане до својата 39. година од животот и без сомнение ова е најдобриот божиќен подарок за сите фанови.

Текстот Легендата на Селта, Јаго Аспас, го продолжи договорот е превземен од МАКФАКС.