Фудбалерот Романо Флориани веќе подолго време е во центарот на вниманието на италијанските медиуми поради неговото потекло. Неговото целосно име е Романо Бенито Флориани Мусолини.
Романо е правнук на Бенито Мусолини, диктаторот кој влијаеше на ширењето на фашизмот во Европа во средината на 20 век.
Младиот Романо повторно „влијаеше“ да се дискутира за Мусолини 80 години подоцна, но сега во поинаков контекст.
Флориани сега е член на Јуве Стабија која се натпреварува во Серија Б, а беше единствениот стрелец на натпреварот против Чезена.
По голот, сите навивачи на тимот од предградието на Наполи, кои според политичките определби и припаѓаат на левицата, поради што на натпреварите на клубот често се гледаат слики од Че Гевара, сега ги нарушија своите идеали.
Дали прпвоцираа или само го прославија голот, тие го поздравија Флориани како што тоа го правеа фашистите за време на Втората светска војна.
Самиот фудбалер не сака да зборува на оваа тема, неколку пати потенцираше дека не го интересира политика.
„Мојот прадедо Бенито беше значајна личност во Италија, но ова е 2024 година и светот се промени. Сето ова не ми пречи, бидејќи тоа што го правам нема врска со политика. Подготвен сум за предизвици, мое е да ги замолчам сите оние кои негуваат предрасуди кон мене поради моето презиме“.
Benito Mussolini’s great grandson Romano Mussolini scores for Serie B side Juve Stabia pic.twitter.com/WvDYB1QUtx
— Matteo Bonetti (@Bonetti) December 22, 2024
Текстот (Видео) Правнукот на Мусолини ги воодушеви навивачите, тие одговорија со фашистички поздрави е превземен од МАКФАКС.