Лос Анџелес Лејкерс го совлада Сакраменто со 113:100, натпреварот го обележа Леброн Џејмс.

Леброн стана рекордер во лигата по бројот на одиграни минути во регуларниот дел од сезоната.

На теренот мина 34 минути, вкупно 57.471 минути во кариерата и го надмина Карим Абдул-Џабар, кој го држеше рекордот со 57.446 минути.

Џејмс натпреварот го заврши со 19 поени, седум асистенции и шест скока.

Да потсетиме дека во февруари минатата година Леброн го собори рекордот на Абдул-Џабар од 38.387 поени, за кој се веруваше дека е недостижен.

Текстот Леброн собори уште еден рекорд на Џабар е превземен од МАКФАКС.