Фудбалска вест број еден во Англија е елиминацијата на Лидс во ФА Купот и тоа од четвртолигаш. Лидс загуби со 3:0 од Кроули, а македонскиот репрезентативец Езџјан Алиоски кој ги одигра сите 90. минути на својот тим, е шокиран од елиминацијата.

– Не можам да најдам зборови за тоа што се случи бидејќи сме разочани. Не беше ова тоа што го посакувавме. Тажен сум, влеговме во мечот многу сериозно, сакавме да победиме и да продолжиме во ФА Купот, а на крај доживеавме големо разочарување. Кроули го одигра мечот на нивните животи и јас им честитам. Нѐ победија со 3-0 и уште не ми се верува. Нормално и менаџерот Биелса е разочаран, како и сите фудбалери. Сите сме разочарани од овој меч – изјави Алиоски за официјалната интернет страница на Лидс.

Разочаран од поразот е и менаџерот Марсело Биелса.
– Разочарани и тажни сме. Во второто полувреме имаме посед на топката, но не можевме многу да направиме со тоа. Во првото полувреме бевме подобри иако не создадовме многу шанси. Во второто се играше како што тие сакаа, Кроули креираше шанси и на крајот заслужено победи – изјави Биелса.