Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) е подготвена да ја прифати идејата која први ја усвоија во Италија, поради новиот формат на Светското клупско првенство да биде отворен и трет преоден рок.

Следната година Светското клупско првенство за прв пат ќе се игра во нов формат, на него ќе учествуваат 32 екипи, а терминот е меѓу две сезони. Од 14 јуни до 14 јули

Фудбалскиот сојуз на Италија го усвои предлогот на Серија А и одобри дополнителен преоден рок токму поради новиот формат на натпреварувањето.

„Марка“, тврди дека Џани Инфантино ќе ја потврди веста во вечерва за кога е закажана ждрепката за Светското клупско првенство.

Шпанскиот весник наведува дека третиот преоден рок ќе трае, како и во Италија, од 1 до 10 јуни.

Текстот ФИФА ќе дозволи уште еден преоден рок е превземен од МАКФАКС.