Алек Ѓорѓиевски кој е роден 20.11.2000 во Скопје на 9 години почнува да тренира кошарка во клубот “Соколи Карпош”. За две години преминува во клубот “КК Вардар” под водство на тренерот Владимир Мирковски, каде што игра до 14 години. Од “КК Вардар” добива понуда да игра за “ШКК Звездара” под водство на тренерот Стефан Коканович во Србија-Белград, каде игра четири години.
Додека игра за “ШКК Звездара” присуствува во младинска репрезентација на Македонија. Од ШКК Звездара преминува во “КК Куманово 2009” каде игра една сезона и потоа се одлучува да почне да игра 3×3 Баскет. Започнува во екипата “Solution X3” благодарение на Бојан Борисовски, Стефан Трајковски и Огнен Ивановски, каде што учествува на Македонски и интернационални турнири во: Србија, Црна Гора, Грција и Бугарија.
По извесен период е повикан од Македонската репрезентација 3×3 на селективни тренинзи. Во меѓувреме забележан е од повеќе екипи од Р.Србија, каде и го повикуваат да игра за нив.
Во следниот период игра и за дел од нив, 3×3 Палкис на повик од Драган Потич, 3×3 Aтлантик, 3х3 Избачени Ван Рекета, 3×3 KG Wild Boars на повик од Златан Оманович.
Во иднина се гледа да учествува на турнири на високо ниво како што се World Tour и Challenger.
Текстот Алек Ѓорѓиевски, млада надеж во македонскиот 3×3 баскет е превземен од МАКФАКС.