Легендата на португалскиот и светскиот фудбал, Кристијано Роналдо (39) во понеделникот на гала вечерта „Квинас де Оуро“ доби награда од Фудбалскиот сојуз на Португалија. Кристијано одигра 216 натпревари за Португалија и постигна 133 гола. Во двете категории тој е рекордер на светско ниво.
„Смешно е. Кога и се приклучива на репрезентацијата на 18 години, сонував да дебитирам. Потоа размислував за 25-тиот, а потоа и 50-тиот настап. Па си помислив: зошто да не стигнам до 100. Подоцна, мојата цел беше 150, а потоа 200. Тоа е одлично чувство откако играв за толку многу клубови и освоив толку многу трофеи, Лига на шампиони, Златна топка, награди на ФИФА. Кога играш за репрезентацијата ја претставуваш земјата, нејзината култира, го претставуваш семејството, родителите, најдобрите пријатели, разочаран сум од некои играчи кои не сакаат да играат за националниот тим“, рече Роналдо.
Тој испрати порака до навивачите во Португалија: „Слушам како многу луѓе велат дека Португалија е мала земја. Португалија е голема земја, мораме така да размислуваме без разлика на големината на територијата. Инфраструктурата, стадионите , одличните тренери, потенцијалот на играчите Само треба да подобриме некои работи и да мислиме дека еден ден ќе бидеме одлични.
Напаѓачот на Ал Наср моментално има 908 гола во својата професионална кариера и беше запрашан дали може да постигне 1.000: „Да бидам искрен, тоа е моја вина. Јавно кажав дека сакам да постигнам 1.000 гола и сега излезе дека тоа е мојата единствена цел. Сакам да живеам во моментот и да видам како ќе реагираат моите нозе. Ако дојдам до илјадарката добро, ако не, секако никој не постигнал повеќе голови од мене“.
Текстот Роналдо: Не е важно ако не постигнам 1.000 гола, секако никој не постигнал повеќе од мене е превземен од МАКФАКС.