Клубовите од Рим, Рома и Лацио забележаа победи во последните два натпревари одиграни во рамките на 10.коло. Рома го победи Торино со 1:0, а Лацио славеше во Комо со 5:1
Рома на „Олимпико“ славеше минимален триумф против Торино. Единствениот гол на натпреварот го постигна Аргентинецот Паоло Дибала во 20.минута.
Торино во текот на целиот меч не успеа посериозно да му се закани на Миле Свилар, а избраниците на Игор Јуриќ рутински го приведоа мечот кон крајот и освоија три бода.
Рома сега е на 10. место со 13 бодови, а Торино е на деветтата позиција со бод повеќе.
Градскиот ривал на Рома, Лацио, беше убедлив на гостувањето кај Комо каде триумфираше со дури 5:1 (2:1).
Лацио во рок од три минути постигна два гола преку Кастеланос и Педро, а на почетокот на вториот дел таа негатива ја преполови Мацители.
Сепак, „небесносините“ постигнаа уште три гола во преостанатиот дел од мечот, преку Патрик во 72., Кастељасос во 81. и Чауна во петтата минута од судиското надополнување.
Лацио е петти со 19 бодови, а Комо е 15. со девет бодови.
Текстот (Видео) Дибала го реши Торино, Лацио со пет гола го победи Комо е превземен од МАКФАКС.