Барселона синоќа го понижи Реал во Мадрид каде славеше со убедливи 4:0, а еден од најзаслужните за триумфот на каталонскиот клуб беше Ламин Jамал.
За жал, шпанскиот репрезентативец се најде на удар на расистички извици од навивачите на Реал на стадионот Сантијаго Бернабеу, а еден од нив беше уловен на камера.
Како што може да се види на видеото, навивачот извикува „путо моро“, што во превод од шпански би значело „е**** Арапи“.
По тој повод, Реал Мадрид и се обрати на јавноста со официјално соопштение во кое ги осудува ваквите извици.
„Реал Мадрид категорично го осудува секој тип на однесување што вклучува расизам, ксенофобија или насилство во спортот и длабоко жали за навредите што неколку навивачи ги упатија синоќа. Реал Мадрид започна истрага за да ги идентификува лицата кои ги упатиле овие навреди и да ги преземе соодветните дисциплински и судски мерки“, се вели во соопштението на Реал Мадрид.
Текстот Срамни извици кон Ламин Јамал, Реал одговори со итно соопштение е превземен од МАКФАКС.