Кремљ денеска изрази жалење што Меѓународниот олимписки комитет им забрани на руските спортисти да се натпреваруваат на следните две олимписки натпреварувања под нивното знаме и национална химна, но потенцира дека е важно што, сепак, тие ќе да може да се натпреваруваат.
Русија без име, знаме и химна на следните две Олимписки игри!
Американските медиуми пренесоа дека Спортскиот арбитражен суд во Лозана претходно двојно ја намали досегашната четиригодишна казна за забрана за настап под знамето на Русија.
-Секако дека жалиме за оваа одлука и јасно е дека нашиот став по ова прашање е негативен. Но, во исто време, нашите постари спортисти веќе рекоа дека е најважно руските репрезентативци да се натпреваруваат на ОИ, бидејќи тоа ќе им помогне да одржат континуитет на натпреварувањето на меѓународната сцена и да остане во добра форма, рече Дмитриј Песков, портпаролот на Кремљ.
Русија поради допинг исфрлена од Олимписките игри во Токио и СП 2022!
Спортскиот арбитражен суд, исто така, му забрани на рускиот претседател Владимир Путин во следните две години да присуствува на Олимписките и параолимписките игри, како и на светските првенства, се наведува во соопштението на Арбитражниот суд.
Забраната на судот се однесува на „претставниците на руската Влада”, додаваат руските медиуми.
Извор.МИА