Фудбалерите на Барселона ја продолжија традицијата на успешни резултати против Реал Сосиедад, откако славеа со 2:1 по пресвртот во дербито на 19 коло во шпанската „Ла Лига“. Воедно ова беше јубилејна 300 победа на Лионел Меси на „Камп Ноу“.
Се чинеше дека нема да биде така кога одличниот оваа сезона Вилијан Хозе на гостите од Сан Себастијан им донесе водство во 27 минута.
Екипата на Роналд Куман одговори брзо со голот на Жорди Алба во 31 минута. Искусниот лев бек шутираше прецизно со послабата десна нога, а гостинскиот голман немаше шанса да го запре овој удар. Целосниот пресврт се случи во 43 минута кога Френки Де Јонг ја прими топката на работ од офсајд и без проблем ја смести во мрежата.
Судијата се консултираше со ВАР поради крајно дискутабилната одлука, но видео-технологијата јасно сигнализираше дека Холанѓанецот не е во недозволена позиција.
На табелата Каталонците се на петтата позиција со 20 бодови од 12 натпревари, на делба на првото место се Атлетико Мадрид, Реал Сосиедад и Реал Мадрид со по 26.